(Видео) Никол Кидман за снимањето еротски филм: Моравме да престанеме, доста ми е од оргазми

Актерката Никол Кидман ја глуми главната улога во Babygirl, кој ќе се појави во американските кина на 25 декември, а за својата изведба ја освои наградата за најдобрата женска актерка на филмскиот фестивал во Венеција.

Неодамна таа ги сподели своите искуства од снимањето, откривајќи дека во одредени моменти морале да прекинат со снимањето поради интензитетот на еротските сцени.

Во филмот, Никол глуми успешна директорка која започнува врска со помлад практикант. Во интервју за The Sun, таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни.

Таа раскажа како чувствувала фрустрации и повремено помислувала дека повеќе не сака да снима такви сцени. Таа го опиша чувството на исцрпеност што го доживеала за време на снимањето.

„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Помислував – не ме допирај. Во некои моменти од снимањето помислив дека повеќе не сакам да доживувам оргазам. Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не знам дали сакам некој повторно да ме допре во мојот живот. Доста ми е. Тоа беше присутно цело рвеме, па речиси се чувствував како да прегорувам“, рече Кидман.

Никол беше привлечена од оваа улога бидејќи претставуваше нов предизвик во нејзината кариера.

Иако некои сцени беа многу интимни и емотивно предизвикувачки, Никол верува дека успеала да ги направи благодарение на режисерката и поддршката од координаторот на интимните сцени. Актерката истакна дека целата екипа била многу внимателна и полна со поддршка за време на снимањето.

Scroll to Top