(Видео) Објавен е трејлерот за филмот во кој Џони Деп глуми француски крал, фановите воодушевени од улогата на актерот

Излезе првиот официјален трејлер за историскиот филм Jeanne du Barry, во кој Џони Деп го толкува контроверзниот француски крал Луј XV. Филмот е снимен во Франција, поточно во Версајската палата и околината на Париз. Го режираше францускиот режисер Мајвен Ле Беско.

Ова беше првиот филм на Деп откако го доби судскиот спор против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а фановите веќе напишаа на социјалните мрежи дека едвај чекаат да го видат славниот актер во оваа улога.

По објавувањето на трејлерот, многумина не го кријат својот ентузијазам за филмот, како и за улогата на Деп. На Твитер се појавија многу реакции.

„Ова е големо враќање на Деп и исто така голем момент за неговата кариера“, „Ликот на Деп во овој филм е само доказ за неговите исклучителни актерски способности. Лик кој е и моќен и ранлив, со маани и доблести… Ова е добар потсетник за неверојатниот талент на Џони Деп“, „Визуелно зачудувачка историска драма со одлична музика“, пишуваат луѓето на социјалната мрежа.

„Морам да признаам дека Џони Деп изгледа брутално во овој филм“, „2023 година ќе биде голема година за Џони Деп“, „Овој филм ќе ме натера да зажалам што не обрнав повеќе внимание на часовите по историја на училиште“, се дел од коментарите на Твитер.

Инаку, Џони Деп ја одигра својата последна улога во филмот „Минамата“ од 2020 година, кој самиот го продуцираше. За потсетување, филмот Jeanne du Barry ќе го отвори Канскиот филмски фестивал во мај.

Scroll to Top