Деновиве беше објавен трејлерот за филмот за легендарниот Елвис Присли. Филмот се снимаше две години, а во него освен музичарот главната улога ја има и неговиот менаџер Том Картер, кој со Елвис соработувал повеќе од 20 години.
Том Хенкс го игра Картер, додека Елвис го глуми Остин Батлер. Филмот раскажува за тоа како Елвис станува заробен од луѓето кои го опкружуваа сè до неговата смрт на 47 години.
Филмот почна да се снима во 2020 година во Австралија, но, поради пандемијата со коронавирот, тој неколку пати беше прекинуван. Премиерата е закажана за јуни годинава.
Обожавателите велат дека се воодушевени од првите кадри и го фалат филмот на социјалните мрежи. Пофалби има особено за Батлер, кој одлично го глуми Елвис. Режисер на филмот е Баз Лурман кој е познат по филмовите „Големиот Гетсби“, Мулен Руж, „Стриктно соба за танц“.