(Видео) Овации за Џони Деп кој изненади со перформанс среде концерт на Џеф Бек во Лондон

Џони Деп имаше јавен настап како пејач со неговиот пријател, познатиот гитарист Џеф Бек, во Ројал Алберт Хол во Лондон. Тие свиреа песни од Џон Ленон, Мервин Геј и Џими Хендрикс.

На социјалните мрежи се појави видео од настапот на Деп во улога на пејач. Видеото е направено само два дена откако адвокатите на актерот ги дадоа завршните зборови во судскиот процес за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Обожавателите го поздравија Џони Деп со овации во Ројал Алберт Хол во Лондон, ова е втор настап на славниот актер заедно со гитаристот Џеф Бек по настапот во Шефилд, Англија.


View this post on Instagram

 

A post shared by Bobby London (@iambobbylondon)

Scroll to Top