Американскиот пејач Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за Тик-ток, а сега видеото го сподели со своите следбеници. Тој пред својот автомобил танцува со песната The Dance, а пред крајот чувствува дека не му е добро и пред да колабира, ја става раката на градите и си го мери пулсот. По неколку моменти сфатил дека има срцев удар.
„Сепак, навистина го вложив целото мое срце во ова. Веќе некое време не танцував на оваа музика. Требаше да забележам како ми чука срцето на почетокот“, напиша тој на Тик-ток.
Метјуз живее во Лос Анџелес, а првпат се појави на сцената со обработка на песната Grass Ain’t Greener на Крис Браун од 2016 година. Подоцна го запознал Кит Урбан во Нешвил и тој му помогнал да напредува во кариерата. Конор сега има над 152.000 следбеници на Тик-ток и редовно објавува видеа.
@conormatthewsofficial Reply to @mario97ab ♬ original sound – Conor Matthews