(Видео) По 55 часа, докторите успеаја да не ми ја ампутираат ногата: Ешли Џад за несреќата во Конго

Американската актерка Ешли Џад раскажа сѐ за несреќата што ја доживеа во текот на престојот во Конго и дека ќе го изгубела животот и ќе останела без нозе доколку не ѝ помогнеле локалните жители.

52-годишната актерка сподели фотографии и откри како дошло до несреќата. Во текот на излетот ѝ се расипала светилката, па не го видела стеблото што се нашло на патот, паднала и си ја скршила ногата.

„Почувствував и знаев дека ногата ми се крши. Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа. Паднав од дрвото и лежев во дождовната шума во Африка со лошо повредена нога, пет часа во агонија од болка. Откога една колешка од кампот пристигна да ми ги поднамести коските, моите браќа од Конго ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше еден и пол час“, изјави таа за „Њујорк тајмс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Утредента ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош. Ешли била на интензивна нега таму и сѐ уште заздравува од повредата. Актерката изразува особена благодарност до своите конгоански пријатели.

„За жал, во Конго нема прифатлива опрема во болниците за повреди како моите, па мораа да ме преместат во ЈАР. Поради безбедност, бев на операција, која траеше речиси 55 часа“, раскажа Џад, па зборуваше и за состојбата во која се наоѓаат жителите на Конго.

Таа истакна дека тамошните жители немаат ниту таблети за ублажување на болките.

„Без своите браќа и сестри од Конго, веројатно, внатрешното крвавење би ме убило и би ја изгубила ногата. Се разбудив плачејќи, благодарна и длабоко допрена од сè што направија во текот на 55-часовниот исцрпувачки процес, што ми го дадоа животот и ми го спасија духот“, раскажа актерката.

Инаку, Ешли веќе неколку години по ред оди во Африка за да ја зголеми свесноста за сиромаштијата и гладот на овој континент, а се залага и за правата на животните, особено на загрозените видови.

Scroll to Top