Американската актерка Мег Рајан, позната по улогите во многу романтични класици, како што се „Кога Хари ја запозна Сали“, „Имаш порака“ се враќа во својот жанр.
Со години не ја гледаме во нови улоги, а овој пат се потпишува на сценариото и режијата за филмот „Што се случува подоцна“. Таа ја игра Вила, која завршува заробена на аеродромот среде снежна бура. Таму по долги години ја среќава својата поранешна љубов, која ќе ја игра Дејвид Духовни (63), а бидејќи летовите се одложени на неодредено време, ќе имаат можност да го надополнат пропуштеното.
– Тоа е поврзано со филмови од 40-тите, ги има тие шеги и ритам, како и многу детали од тој период на снимање. Ром-комовите како овој навистина функционираат кога двата лика се спротивни на некој начин, а сепак имаат нешто заедничко, дијалог и внатрешни шеги, што потоа покажува колку се компатибилни. Беше многу смешно да се види Дејвид во лик за кој мислам дека е се освен него, додека јас можам да се поврзам со Вила. Дејвид е многу духовит, паметен, сладок, неодолив – рекла Рајан.
Приказната е заснована на драмата „Шутинг ѕвезда“ од Стивен Диц, а сценариото го напишаа Рајан и Диц, и драматургот Кирк Лин. Филмот ќе излезе на 13 октомври.