(Видео) Поранешниот премиер е лудо заљубен во пејачката, не може да се одвои од неа: „Таа е совршената жена“

Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо и пејачката Кејти Пери се најдоа во центарот на вниманието уште во летото кога се појавија првите шпекулации за нивната врска. Набрзо престанаа да ја кријат својата љубов и официјално се појавија како пар.

Пејачката ја започна својата врска со Трудо веднаш откако раскина со Орландо Блум по десет години врска.

Колку се вљубени еден во друг, јасно се гледа на фотографиите што ги споделуваат, а тоа го потврдија и извори за „Пејџ Сикс“.

„Тој е луд по неа и мисли дека таа е совршена жена. Се согласуваат за сè, од политика и деца до француска храна“, кратко изјави изворот.

Џастин Трудо секогаш е насмеан кога е во друштво на својата избраничка, но ни таа не ја симнува насмевката од лицето, па се чини дека двајцата конечно ја пронашле среќата во љубовта.

Поранешниот канадски премиер се разведе во 2023 година по 18 години брак, во кој доби три деца, додека Кејти има ќерка, Дејзи, со Блум.

фото: принтскрин

Scroll to Top