(Видео) Прави гримаси и се досадува, Ентони Хопкинс, по 253 дена во карантин, вели дека чувствува несакани ефекти

Славниот глумец Ентони Хопкинс сподели снимка во која вели дека, по 252 дена поминати во карантин, тој сега чувствува некакви несакани ефекти.

Оскаровецот во моментот се наоѓа во карантин и вели дека поголемиот дел од времето, кога не може да се прават многу работи, го поминува на социјалните мрежи.

Тој на „Твитер“ на своите фанови им сподели снимка во која прави разни гримаси, а вели дека тоа е последица од досадата во изолација.

„253. ден во карантин. Почнувам да чувствувам несакани ефекти. Што мислиш?“, се пошегува Хопкинс во видеото.

Додека некои од фановите успеал да ги насмее, сепак имало и такви што се загрижија за неговата состојба.

Scroll to Top