Најмладиот син на Елизабета Втора, грофот Едвард од Весекс, не сакаше да се поздравува со толпата фанови кои се собраа да ја испратат кралицата за последен пат. Тој објасни дека се обидувал да не ја забавува церемонијата, за да не дојде до гужва.
„Се обидов да избегнувам да се ракувам со некои од луѓето. Тогаш ќе сакаа и другите да се поздрават и ќе настанеше гужва која само ќе ме забавеше. А, сакав да се запознаам и да се поздравам со повеќето од нив“, рече Едвард, пренесе британски Mirror.
Грофот Едвард со сопругата Софија, ги поздравија сите фанови кои се собраа во саботата пред палатата. Грофицата за разлика од сопругот, се поздравуваше со луѓето, а од некои од нив прими и букет цвеќе. Извор близок до него, вели дека само сакал да разговара, но не ѝ да се поздрави
Едвард рече дека мајка му би го ценила тоа што голем број луѓе дојдоа да ѝ оддадат почест.
„Беше убаво да се видат толку многу луѓе за да се поздрават со неа за последен пат“, рече Едвард. Некои од нив на социјалните мрежи го поддржаа тоа што не сакал да се поздрави.
„Едвард е надвор, се поздравува со нив, пријателски е расположен. Зошто тоа не е доволно? Некои луѓе едноставно не сакаат да се допираат со други. Оставете го човекот. Задача му е да се состанува и да разговара со луѓето, но не е обврзан да се поздравува “, напишаа некои од нив.
Prince Edward has decided to take a slightly different approach to this walkabout, opting not to shake hands with people. pic.twitter.com/1y4sNqjXsz
— Royal Central (@RoyalCentral) September 17, 2022