(Видео) Принцот Хари падна од коњ

Принцот Хари падна од коњ за време на натпревар во поло натпревар во Санта Барбара во Калифорнија. 37-годишниот принц повторно стана и го продолжи натпреварот, а видеото и фотографиите од него брзо се раширија на интернет.

Откако падна, еден од играчите побрза да провери дали е добро, а како што пренесоа британските медиуми, откако принцот стана, играта ја продолжи на друг коњ.

Ова не е првпат Хари да падне од коњ за време на натпревар по поло. Истото му се случи и во 2015 година, за време на еден добротворен натпревар. И тој момент го забележаа камерите.

За потсетување, Хари и Меган Маркл пред недела дена ја посетија Велика Британија, кога присуствуваа на јубилејот на Кралицата во Лондон.

Scroll to Top