(Видео) Прв филм за пандемијата, Ен Хатавеј во главната улога

Пандемијата на коронавирусот, иако сè уште не е завршена, излегува првиот игран филм за неа. Филмот е со наслов „Заклучени“ (Locked Down), а оскаровката Ен Хатавеј ќе биде во главната улога.

Во филмот, по неодамнешното раскинување, Линда, која ја толкува Ен Хатавеј, и Пакстон, во улога на Чиветел Еџиофор, се наоѓаат на несреќна раскрсница кога карантинот во Лондон ги ​​принудува да останат под ист покрив.

Линда, која е успешна директорка за маркетинг, е разочарана од корпоративниот свет поради новите одговорности. А Пакстон, кој е креативец со криминално минато, е на одмор.

„Тоа беше возбудливо искуство. Некои луѓе што се наоѓаа во карантин повторно почнаа да пушат, некои почнаа да пијат на ручек, а ние само ги собравме сите тие чувства и снимивме филм за тоа“, рече Хатавеј во холивудското шоу Late Night With Seth Meyers.

  

Таа додаде дека на снимањето на филмот карантинот предизвикал да ѝ биде многу потешко.

„Толку пати во првите денови на заклучувањето морав свесно да се релаксирам, да ги извадам сите лоши работи од себе, но не сакав да ги плашам моите деца, затоа често врескав во перницата“ рекла актерката.

Во филмот, освен Ен Хатавеј и Чиветел Еџиофор, глумат и актерите Бен Стилер и Лили Џејмс.

Scroll to Top