Популарната музичка група „Пусикет долс“ со својот настап го собра гневот на гледачите за време на емитувањето на емисија во бранската телевизија ITV. Многумина од гледачите поднеле и пријава до регулаторното тело за медиуми за да ја пријави телевизијата. Тие сметаат дека пејачките со својот настап повеќе наликувале на стриптизети.
Дури и водителот во еден моемент се обидел да ги цензурира. Девојките отсекогаш биле познати по нивните атрактини и заводливи танчерски кореографии, но се чини дека нивниот настап во емисијата Saturday Night Takeaway бил премногу провокативен за британските гледачи, пишуваат медиумите.
До самата телевизија пристигнале дури 419 пријави, а од нив 68 ја пријавиле телевизијата и во регулаторното тело за медиуми.
„Оа е непримерно. Настап на стриптизети“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.
Пејачките Никол Шерцингер, Мелоди Торнтон, Кимберли Вајт, Ешли Робертс, Кармит Бакар и Џесика Сутон, наскоро најавија и голема турнеја.