Ријана за време на настапот на „Супербоул“ откри дека е бремена. По пет години пауза се појави на најгледаниот спортски настан во САД и рече дека го чека второто дете.
View this post on Instagram
Пееше и танцуваше на пловечка платформа, на тревникот каде тимовите на „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.
Носеше црвен падобрански костум, а во 15 минутниот настап ги отпеа некои од најголемите хитови во придружба на десетици танчери во бели тренерки.