Пејачката Ријана по седум месеци од породувањето, за првпат го покажа синот кој го доби со раперот Асап Роки во мај годинава. Таа го објави првото видео со него и воопшто првото на Тик ток во автомобил.
„Хакирана“, кратко напиша Ријана на видеото.
За потсетување, врската со Асап, прв ја откри магазинот People на крајот на 2020 година, по само неколку месеци шпекулации дека двјацата се гледаат и дека се повеќе од пријатели. Врската ја потврдија пејачите во мај следната година.
Во јануари Ријана откри дека го чека своето прво дете, а многумина мислеа дека носи девојче бидејќи е фотографирана во розово палто.
@rihannahacked♬ original sound – Rihanna