Рис Витерспун во шоуто на Џими Кимел призна дека не знаела кој е Роберт де Ниро првиот пат кога се појавила на аудиција кај него. Имала само 14 години кога дошла, а за Де Ниро дознала од жената на рецепција која и кажала колкава важност има во светот на глумата.
Глумицата призна дека била исплашена и од нервоза го заборавила текстот, па на крајот морал Де Ниро да го доврши.
„Се сеќавам на мојата прва аудиција која ја имав со Робер Де Ниро и Мартин Скорсезе за филмот „Рт страв“. На крајот испаднав затоа што толку бев исплашена и не знаев кој е Роберт Де Ниро. Стоев надвор и разговарав со жената на рецепција. Ми рече дека е најважниот глумец од нашето време“, рече Рис.
Додаде и дека Де Ниро морал да ѝ го заврши текстот.
„По десет години повторно се видов со него на аудиција и си помислив дека нема шанси да се сети на мене. Нема шанси да се сети како му ја уништив аудицијата. Но, се изненадив кога ми рече дека се сеќава и ми рече дека таа вечер не сум можела да изговорам ниту еден збор“, рече Витерспун.
Глумицата рече дека една од нејзините први работи и била приправничка во филмот „Ѓаволот во син фустан“.
„Да вистина е дека бев приправничка во филмот во кој глумеше Дензел Вашингтон. Морав да се јавам на телефон, без разлика кога ќе дојде. Морав да му го паркриам „Поршето“, што не е баш добра идеја за 17 годишно дете со штотуку положен возачки испит. Му ги расипав запчаниците. Беше страшно“, рече Рис во шоуто на Кимел каде го промовираше новиот филм Your Place Or Mine.