(Видео) Ролексот на Киану Ривс беше украден минатата година во Лос Анџелес, сега е пронајден во Чиле

Полицијата во Чиле објави дека пронашла три луксузни часовници, меѓу кои и еден Ролекс вреден околу 9.000 долари, на познатиот актер Киану Ривс (60). Наводно, часовниците биле украдени од неговиот дом во Лос Анџелес кон крајот на 2023 година, пишува Еј-би-си Њуз.

Странските медиуми јавуваат дека на еден од пронајдените часовници е изгравирано името на актерот и пораката: „2021, JW4, благодарам, The John Wick Five“.

Часовникот бил откриен во саботата во источниот дел на Сантијаго за време на полициска операција која истражувала серија локални грабежи.

Полицијата објави и дека минатиот викенд во Сантијаго е уапсен маж осомничен за поврзаност со кражбата и моментално е во притвор.

Scroll to Top