(Видео) Роналдо објасни зошто не ја запросил Георгина, снимката стана вирална

На интернет стана вирално видеото на кое фудбалерот Кристијано Роналдо објаснува зошто се уште не ја запросил својата партнерка Георгина Родригез. Парот е во врска речиси десет години, имаат деца, но не се во брак.

Станува збор за клип од шоуто на Нетфликс „Јас сум Георгина“ и стана вирален во последните денови. Во клипот Георгина вели дека нејзините пријатели често ја задеваат бидејќи Роналдо се уште не ја запросил.

„Не зависи од мене“, изјави Георгина, а потоа Роналдо објасни зошто се уште не предложил брак.

„Секогаш велам: Кога ќе го почувствувам тој клик. Како и сè во нашите животи, и таа знае за што зборувам“, рече тој и додаде: „Тоа може да биде за една година или за шест месеци или за еден месец. Илјада проценти сум сигурен дека тоа ќе се случи“.

Scroll to Top