(Видео) Се огласи жената со која принцот Хари ја изгубил невиноста: сексот траеше пет минути

Саша Волпол (40) е  жената со која принцот Хари во 2001 година ја изгубил невиноста. Таа го познавала Хари уште од детството, додека се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир.

Хари во неговите мемоари призна дека во светот на возрасните го запознала една постара жена која го третирала како млад пастув. Војводата од Сасекс не ја именуваше жената за која станува збор, но затоа таа самата се огласи до медиумите за да ја каже својата страна од приказната.

„Тоа беше страсна средба на двајца пијани и непромислени познаници кои го напуштија пабот за да испушат цигара и на крајот се искачија преку оградата за да водат љубов на ливадата, каде што беа заштитени од погледот со густа жива ограда. Еве како принцот Хари ја загуби невиноста во јули 2001 година, за која светот не би знаел ништо, доколку тој не откри дел од интимните детали во неговите мемоари „Спар““, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xandria Clark (@xandriaclarkreports_)

Таа за британските медиуми откри дека Хари го направил првиот потег, што резултирало со нивниот спонтан секс полн со искри. Таа вечер Саша го поканила 16-годишниот Хари во паб за да го прослават нејзиниот 19-ти роденден. Во еден момент провалиле во блиската ливада за да испушат цигара и да излезат од видното поле на телохранителите на Хари.

„Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Двајцата знаевме што ќе се случи. Брзо преминавме од бакнување до тркалање на земјата. Тоа беше момент, огнен, експлозивен, меѓу двајца пријатели. Беше наелектризирано, особено затоа што не требаше да го направиме тоа. Тој за мене не беше принцот Хари, туку само Хари мојот пријател, со кој работите излегоа од контрола. Бевме палави, претпоставувам, во смисла дека не треба се случи“, раскажала Саша.

Таа за медиумите изјавила дека тоа не го планирале и не знаела дека тој е невин.

„Изгледаше дека знае што прави. Беше брзо, диво, возбудливо. И двајцата бевме пијани. Да не бевме не, тоа немаше да се случи“, изјавила Саша.

Во своите мемоари, Хари напишал како брзо завршила оваа врска, по што Саша го плеснала по задникот и го испратила. Денеска Саша истакнува дека овој опис ја насмеал.

„Не ми пречи да го каже тоа затоа што не беше многу грандиозно, нели? -Бевме пијани и имавме секс на поле“, прокоментирала таа, а потоа се сетила дека навистина го плеснала со раката Хари по нивниот пет минутен однос.

„Тоа е неговата смисла за хумор. Ние всушност бевме на полето, каде што престојуваат коњите, па тој тоа го протолкува на хумористичен начин. Неговиот опис е точен, бев шокирана кога видов колку е искрен. Не сум навредена.Тоа беше навистина момент на страст“, ​​заклучила таа.

Оваа средба беше и крај на пријателството на Саша со Хари, тие никогаш повеќе не се слушнале ниту се допишувале, иако претходно често излегувале заедно да пијат. Таа истакнува дека никогаш не била повредена, туку дека тоа лето го доживеала како крај на едно поглавје од нивниот живот. Набрзо почнала да се дружи со група пријатели чија страст биле мото спортовите, па така го запознала Иан, човекот кој сега е нејзин сопруг. Денес живее со него и води сопствен бизнис – копа темели за тераси и патеки.

 

Scroll to Top