Шакира објави видео на Тик ток додека со џогер ја чисти куќата и потпевнува песна од американската пејачка SZA, Kill Bill. Рече дека не е лоша идеја да го убие бившиот, но дека сè уште го сака.
„Би можела да го убијам бившиот. Не е најдобра идеја. Неговата девојка е следна. Како стигнав до тука? Би можела да го убијам бившиот. Но, сè уште го сакам. Попрво би завршила во затвор, отколку да останам сама“, пее Шакира, која додека чисти, носи црни комбинезон и чизми со високи потпетици.
Пејачката ги изненади сите со видеото.
„Нема шанси да го има објавено ова. Само ако го видат Клара и Пике“, беа само некои од коментарите.
За потсетување, Шакира се раздели од Џерард Пике, откако фудбалерот ја изневери со студентката Клара.
@shakira♬ Kill Bill – SZA