(Видео) Шакира стана Рокира: Ми снема боја за коса, па ставив што најдов

Латино-ѕвездата Шакира се одлучи да ја промени бојата на косата. Од русокоса, каква што ѝ е препознатлива на јавноста, таа ја обои во розова боја.

„Изненадување“  напиша пејачката.

„Идејата беше да биде помалку розова, но ни снема розова боја и моравме да ја мешаме со друга, што ја имаа тука во салонот, која е поинтензивна од нијансата што ја сакав“, вели во видеото.

Веднаш потоа таа сподели и фотографија на која е сo пријателка и под неа напиша „Откачивме со боите“.

Мислењата на нејзините фанови се поделени. Додека едните се воодушевени, другите ѝ коментираа да си ја врати старата боја. Со новата фризура се појави и нов прекар за пејачката, па од Шакира ја сменија во Рокира (#rockira)

Во последно време сѐ повеќе познати дами се одлучија да ја променат бојата на косата. Силните и впечатливи бои се водечки тренд сезонава, а меѓу нив најпопуларна е розовата нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Scroll to Top