(Видео) Шон Пен се сретна со Зеленски во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со актерот Шон Пен.

„Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ја види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски.

Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.

„Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.

Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во мрачна нова реалност.

Пен заминал и во Украина во март, по што изјавил дека единствената причина поради која ќе остане подолго во Украина е да им даде оружје.

„Веројатно не би носел панцир бидејќи сакам да му го дадам на еден од војниците“, додаде тој.

Освен тоа, Пен по повод овогодинешните Оскари изјави дека ќе ги фрли своите статуи доколку Академијата не му понуди говор на Зеленски.

Scroll to Top