Силвестер Сталоне се сретна со папата Франциск во Ватикан. Актерот беше во придружба на сопругата Џенифер Флавин, трите ќерки Софија, Систин и Скарлет и неговиот брат Франк. Тој му се заблагодарил на папата што одвоил време да се сретне со нив.
„Ви благодариме што нѐ примивте, иако сте во голема гужва, навистина го ценам тоа“, рече Сталоне кој дозна и дека папата ги гледал неговите филмови.
„Тоа е голема чест за мене. Пораснав гледајќи ги твоите филмови“, му одговори Папата, па актерот го праша дали е подготвен да боксуваат. Рече дека е голем верник и дека сѐ во животот постигнал благодарение на Бога.