Пејачката Мараја Кери стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по настапот на американската парада за Денот на благодарноста.
Самопрогласената кралица на Божиќ настапи на традиционалната парада за Денот на благодарноста која секоја година ја организира стоковната куќа Мејси на улиците на Менхетен, а пејачката се појави во розов фустан со чадор и го отпеа нејзиниот божиќен хит All I Want For Christmas. Но, фановите со коментаторите на социјалните мрежи ја нападнаа пејачката дека пее на плејбек.
Обожавателите на социјалните мрежи напишаа дека Кери покажала страшна енергија додека стоела како даска за време на настапот, а потоа ја критикуваа дека ја отворила устата несинхронизирано за да се преправа дека пее.
„Можете да помислите дека таа би ја усовршила синхронизацијата на усните со оваа песна откако ќе го направи тоа илјада пати. Ова е ужасно“, „Луѓе, ова не е вежба. Мараја Кери е надвор од хибернација, бегајте“, „Принудени сме да ја слушаме нејзината песна за време на празниците. Дали навистина моравме да ја видиме како пее на плејбек и на парада?“, „Тие сигурно се обидуваат да создадат вирален мем со оглед на тоа колку камерата е блиску до нејзините усни Пеењето е толку комично!”, “Ми се допаѓа нејзиниот недостаток на енергија! Така е, девојче, дај ни едно големо ништо!”, се дел од коментарите кои го преплавија Твитер.
Кери секој декември заработува повеќе од половина милион евра само на основа на својот божиќен хит, а Business Insider проценува дека за 24 години колку што е објавена песната заработила 45 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=PVJYcs-MhdA