(Видео) Со појадок во кревет и семејни снимки Џенифер Лопез го прослави роденденот на децата

Латино-пејачката Џенифер Лопез им го честита роденденот на своите деца, близнаците Еме и Макс, со појадок во кревет и со специјално видео направено со снимки од нивното детство.

„Ја напишав песната One Step at a Time кога близнаците имаа само шест недели. Макс веќе се обидуваше да се наведне и да излезе од столот. Бев во стилот ‘Каде ќе одиш, малечок еден? Каде бегаш?’ Сè што замислував се случуваше толку бргу, а јас сакав да забави за да уживам. И следното што го знам, бум, дојде 13. роденден“, напиша Џеј Ло.

„Чекор по чекор, нема потреба да брзате, ајде да го задржиме ова време за нас. И нека трае колку што може повеќе. Веќе оди премногу бргу“, ги додаде пејачката и стиховите од својата песна. 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Во видеото Џенифер им кажа на близнаците колку се гордее со нив.

„Моите прекрасни бебиња денес се тинејџери. О, боже, не ми се верува дека поминаа 13 години откако двајцата ги носев дома во рацете среде снежна бура. Од таа снежна бура излегоа два совршени кокоса, кои го преобликуваа мојот живот и ме научија на вистинското значење на љубовта“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Од денот на нивното раѓање трае најмагичното патување полно со авантура и радост. Утрово чувствувам толку многу емоции. Денес сум многу емотивна. Толку горда и среќна, а срцето ми е скршено што не можам да го замрзнам времето. За моите две грижливи, чувствителни и посебни души за кои знам дека ќе го променат и преуредат светот на свои многу уникатни начини, вашата мајка ве сака засекогаш“, напиша Џенифер.

Џенифер ги има близнаците, ќерката Еме Марибел Муниз и синот Максимилијан Давид Муниз, од 10-годишниот брак со пејачот Марк Ентони.

Scroll to Top