Попиконата Мадона имаше настап на одбележувањето на Месецот на гордоста на ЛГБТИ, кој се одржува во САД. Одбележувањето е во спомен на немирите во Стоунвол, кои се случија на крајот на јуни 1969 година.
Мадона имаше провокативен настап, кој на крајот заврши со бакнежи со 26-годишната раперка Токиша од Доминиканската Република.
Таа со Токиша го изведе хитот Hung Up од 2005 година со провокативна танцова кореографија.
Во моментот кога раперката клекна пред 63-годишната пејачка, Мадона рече: „Тешка задача, но некој мора да ја направи“ алудирајќи на орален секс по што си разменија бакнежи.
Токиша е музичарка, која, според магазинот „Ролинг стоун“, е симбол на сексуалната слобода и радикалниот феминизам.
Madonna making out with Tokischa. Happy Pride 🏳️🌈 pic.twitter.com/QB9gaY6bCM
— Joe Lynch (@branniganlynch) June 24, 2022