(ВИДЕО) Српскиот свештеник Мел Новак бил актер во филмовите на Брус Ли и Џак Норис

By
„Обожавам што сум Србин, тоа сите го знаат… Не би сакал да сум роден како некој друг, туку како Србин“, изјави холивудскиот актер Мел Новак.Холивудскиот актер чие вистинско име е Милан Мрџеновиќ, се прослави играјќи како негативец во бројните акциони филмови, како што се „Игра на смртта“ (во која главната улога ја играше легендарниот Брус Ли), „Око за око“ (во која главната улога ја имаше Чак Норис), како и многу други. Но, тоа е само дел од неверојатните животни приказни, затоа што Мрџеновиќ е познат американски свештеник. Со години работи по затворите, а помага и на бездомниците.

Она што веројатно не сте го знаеле е дека тој е Србин. Роден во далечната 1942 година, во Питсбург, а кариерата ја започнал во 1971 година.

Светската слава му ги донесе улогите на убиецот Стик, во веќе неодамнешното остварување „Игра на смртта“ со Брус Ли.

Погледнете и една од сцените од тој филм:

 

 

Погледнете како изгледаше сцената во борбата меѓу Брус Ли и Мел Новак:

Со Чак Норис и Кристирем Лијем играше во филмското остварување „Око за око“, и тоа со негативецот Тони Монтоја.

Ќе ви се допадне