На Тикток неодамна почна да кружи видео од Деми Мур направено пред седум години. Актерката еднаш се појави во шоуто на Џими Фалон, каде откри како всушност се изговара нејзиното име.
Зборувајќи за пејачката Деми Ловато, актерката рече: „Јас и Деми имавме навистина добар разговор бидејќи таа е од Тексас, а јас од Ново Мексико, така што нашите семејства ги изговараат нашите имиња исто, но ние две ги изговараме различно“.
@justcatchmedemii Démi Lovato and Demí Moore #demilovato #demimoore #fyp #viral #goldenglobes ♬ original sound – justcatchmedemi
Според Мур, нејзиното име се изговара со нагорен акцент на вториот слог. За разлика од неа, името на Деми Ловато се изговара со надолен акцент на првиот слог.
Да потсетиме дека Деми Мур неодамна освои Златен глобус за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во филмот The Substance, приказната за актерката која избледнува во потрага по фонтаната на младоста.