На интернет се рашири видео од Тејлор Свифт, создадено кога таа пристигна на натпреварот на Канзас Сити Чифс, за кој играше нејзиното момче Тревис Келче и Денвер Бронкос. 34-годишната пејачка дојде во карирано здолниште и јакна, кои ги комбинираше со маичка налик на корсет и црни чизми. Тејлор на стадионот беше пречекана од бројни фотографи.
Некои фотографи беа клекнати додека ја фотографираа пејачката, по што нејзините обезбедувачи почнаа да им викаат да станат. Тејлор дури и застана во еден момент, а обожавателите шпекулираа дека таа самата чекала фотографите да станат.
Her security yelling at the photographers to stand up so they can’t take photos under her skirt 🙁 welcome to being a woman pic.twitter.com/6YOx4R728c
— Sav 🪩 INDY N2!!! 🫶🏻 (@SavLovesSwift) November 10, 2024
„Нејзиното обезбедување им вика на фотографите за да не ја сликаат под здолништето. Браво“, гласи еден од коментарите под видеото кое е прегледано 18,8 милиони пати на Икс.