Тејлор Свифт го објави новиот албум, нејзин 10-ти по ред, во кој се нарекува себеси чудовиште и ги опишува нејзините состојби на депресија и меланхолија. „Индипендет“ му даде пет ѕвезди и највисока оцена на албумот. Насловен како „Midnights“, албумот има тринаесет песни и е најавен како визуелен албум – што значи дека ќе има музичко видео за секоја песна.
Таа ја избра песната „Anti-hero“ за хит сингл, а на албумот има и дует со Лана дел Реј. Тие две заедно ја пеат песната „Snow on the Beach“. На листата на песни се и „Lavender Haze“, „Maroon“, „Midnight Rain“, „Question…?“, „Vigilante Shit“, „Bejeweled“, „Karma“, „Mastermind“ и други. Тејлор Свифт со месеци го најавуваше новиот албум, но не и што ќе има се на него.