Тејлор Свифт го објави својот нов албум под наслов „Evermore“, за што ги извести обожавателите преку вчерашната објава на својот профил Instagram на кој за само неколку часови собра повеќе од три милиона лајкови.
Станува збор за вториот студиски албум кој пејачката го објави годинава, по „Folklore“ кој се појави кон крајот на јули. Свифт своето ново дело го опиша како „сестра“ на нејзиното претходно издание.
На албумот Свифт соработувала со бендовите Haim, The National и Bon Iver.
„Знам дека многумина овие новогодишни празници ќе ги минат сами, и ако има такви меѓу вас на кои музиката им помага да го преживеат отсуството на најблиските, како мене, тогаш овој албум е за вас. Стандардната верзија содржи 15 нумери, а делукс изданието уште два бонуса: ‘Right where you left me’ и ‘It’s time to go’“, порача пејачката преку својот профил.
Пајачката на интернет го постави и видеото за песната „Willow“, насловната нумера од албумот. Клипот за само неколку часа имаше над милиони прегледи.
„Всушност, не можевме да престанеме да пишуваме песни . Обично ги сметам албумите како еднократни производи и веднаш започнувам да размислувам за следното издание. Но со ‘Folkore’ се случи поинаку. Имав чувство, како да се враќам некаде. “, сподели Свифт со обожавателите.