(Видео) Тејлор Свифт со најмногу номинации за „Ем-ти-ви видео мјузик авордс“

Тејлор Свифт доминира во номинациите за годинешните музички награди (ВМА) на Ем-ти-ви со осум номинации.

Поп-ѕвездата е кандидат за о признание уметник на годината – за кое се соочува со конкуренција од Бијонсе, Доџа кет, Карол Џи, Ники Минаж и Шакира.

Нејзиниот хит Anti-Hero влезе во потесниот избор за видео на годината, песна на годината, најдобар поп, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и најдобри визуелни ефекти.

Пејачката најверојатно ќе постигне рекордна четврта награда во категоријата „Видео на годината“ и е на врвот на листата номинациите, а втора е СЗА со шест номинации.

Дури 35 уметници се номинирани првпат оваа година, а Ким Петрас влезе во потесниот избор за пет награди, сите за Unholy во соработка со Сем Смит, во категориите за видео на годината, песна на годината, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти и најдобра кореографија.

На манифестацијата „Видео мјузик авордс“ (ВМА) се наградува најдоброто музичко видео на годината. Наградите ги доделува телевизискиот канал Ем-ти-ви.

 

Scroll to Top