Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна беа домаќини на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елка Буденбендер, а вистински моден спектакл се случи за време на банкетот во замокот Виндзор.
Позната по својот дамски стил, принцезата од Велс блескаше во син фустан од британската дизајнерка Џени Пакам. Таа го комплетира изгледот со дискретни додатоци, впечатлива шминка и брановидна коса, која паѓаше под нејзините рамена.
View this post on Instagram
Сепак, ѕвездата на нејзиниот вечерен изглед беше скапата тијара со 2.600 дијаманти – скапоцен камен од викторијанскиот период, што ја виде светлината на денот првпат по речиси две децении.
Оваа тијара е најважниот накит во кралското семејство, а е дизајниран од принцот Алберт во 1853 година за својата сопруга, кралицата Викторија.
View this post on Instagram
Фактот дека Кејт Мидлтон го носеше ова скапо парче накит јавно првпат може да значи само едно – таа полека се подготвува за својата идна улога како кралица бидејќи само таа има пристап до највредните парчиња накит од кралската ризница.






