(Видео) Том Круз го пречекаа со овации и прелет на француски борбени авиони на премиерата за „Топ Ган: Маверик“ на Канскиот фестивал

Со прелет на француски борбени авиони на 75. Кански филмски фестивал на премиерата на „Топ ган: Маверик“ беше пречекан холивудскиот актер Том Круз. Неговото појавување привлече огромен медиумски интерес.

По две години откажување на премиерата на филмот „Топ ган: Маверик“ поради пандемијата, кој е продолжение на филмскиот хит опд 1986 година, ја имаше својата европска премиера на Канскиот филмски фестивал. На актерот кој по цели три децении му се врати на овој фестивал, му додели и ретка почесна Златна палма.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината од 27 ми мај, а премиерата на Канскиот фестивал беше дел од светската турнеја на филмот.

Scroll to Top