Моделот Емили Ратајковски го критикува новиот филм посветен на Мерилин Монро, вели дека иако се уште не го изгледала, но изненадена е дека се доживува како фетишизирање женската болка, дури и во смртта.
„Ја сакаме женската болка – опседнати сме со Ејми Вајнхаус, Бритни Спирс и смртта на принцезата Дијана, нашата опсесија со мртви девојки и сериски убијци. Но, размислував, и знаете ли што е тешко да се фетишизира? – Гневот. Па, имам предлог. Мислам дека сите треба да бидеме погневни. Ќе бидам многу гневна кога ќе го изгледам филмот, веќе го знам тоа“, вели Емили Ратајковски во видео на Тик Ток.
Филмот својата премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Венеција, а актерката Ана де Армас која ја глуми Монро во филмот доби 14 минутни овации.
Јавноста најостро го критикува филмот, со став дека Мерилин Монро е експлоатирана и по нејзината смрт. Инаку филмот е фикција инспирирана од најмрачните моменти од животот на Мерилин Монро, снимен по истоимената книга на авторката Џојс Керол Оутс. Дејството на филмот го опфаќа периодот од детството на Мерилин до нејзината смрт, но повеќето детали во филмот се измислени.
Филмаџиите со негативни коментари за филмот, дел од нив сметаат дека Холивуд уништил уште една икона бидејќи во филмот фокусот е на лошите работи од животот на Мерилин, нејзиниот мизерен живот, па така и дел од оние што го изгледале филмот се чувстувале, три часа досада, голотија, потценување на нејзината интелигенција, големо внимание се дава на нејзината зависност, Мерилин Монро била експлоатирана додека била жива, а ја експлоатираат и сега по нејзината смрт, беа се дел од коментарите.
@emrataSo done with the fetishization of female pain and suffering. Bitch Era 2022♬ original sound – Emrata