(Видео) Три дена откако го изгуби бебето, Бритни пак позираше во бикини

By

Само три дена откако објави дека го изгуби бебето, Бритни Спирс повторно позираше во бикини. Пејачката им се заблагодари на сите за поддршката и објави видео како трча полугола по плажа.

dobivaj vesti na viber

Бритни во видеото зборуваше за романтичното бегство во Мексико со нејзиниот иден сопруг Сем Ашгари, а на моменти додека трча во бикини со рацете ги покрива градите.

„Се обидувам да бидам секси додека трчам како во ‘Бејвоч““, рече Бритни, додека нејзините фанови и напишаа дека се згрозени од нејзиното однесување и дека во овие моменти треба да тагува по изгубеното бебе.

„Девојко те сакаме, но земи си малку време за психички да можеш да закрепнеш. Помина низ толкав број трауми. Можеме ли да престанеме да се преправаме дека ова не е чудно и дека на оваа жена ѝ е потребна помош. Објави дека го загуби бебето, а потоа споделува видеа на кои е полугола додека е на одмор“, ѝ забележаа голем број од обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Некои од нив ѝ напишаа дека се молат да е опкружена со луѓе кои работат во нејзин интерес и дека ѝ е потребен адвокат, а не пријатели кои копнеат по слава и пари и куп помошници кои само  се покоруваат на нејзините барања.

Иако голем дел од нив сметаат дека секој ја доживува болката на различни начини, тие и порачаа дека е подобро да одвои време и да се оддалечи од социјалните мрежи додека не закрепне.

Ќе ви се допадне

Go88 - Thế giới game cá cược trực tuyến lớn nhất Việt Nam đánh bài go88 mẹo chơi tài xỉu go88

https://tai.sunwin.gg/