(Видео) Вие сте моето семејство во добро и зло, Стивен Сигал славеше роденден во Москва со пријателите на Путин, кои се санкционирани од Западот

Холивудскиот глумец Стивен Сигал во Москва го прослави својот 70 роденден. Тој приреди забава на која дојдоа неколку познати личности од Русија, кои се на мета на западните санкции поради војната во Украина. Сегал носеше вообичаена црна кошула и жолти очила.

„Вие сте моето семејство и пријатели. Ве сакам сите и денес стоиме заедно и во добро и зло“, рече Сигал.

Сигал е познат како близок човек и голем пријател на рускиот претседател Владимир Путин. Американскиот глумец доби и руски пасош во 2016 година, откако пред две години јавно ја изрази својата поддршка за анексијата на Крим. Во 2018 година стана специјален пратеник на Русија во САД, пишува Daily Mail.

Сигал и Путин неколку пати биле видени заедно, а се смета дека ги поврзала љубовта кон борачките вештини.

 
Scroll to Top