(Видео) Викнд потроши 7 милиони долари за шоу пред празен стадион на Супербол, настапот имаше и критики

Канадскиот пејач Викнд вчера настапи на полувремето на најголемиот спортски настан во САД, Суперболот. За шоуто кое траеше 14 минути пејачот сам плати седум милиони долари, а пееше пред полупразен стадион и речиси целиот настап му беше на трибините, а не на теренот, поради мерките за заштита од короната и строгите протоколи на организаторите.

Кога пред неколку месеци Викнд беше најавен како специјален гостин на Супербол, тој рече дека публиката ќе ужива во „кинематско искуство“. Настапи со голем број маскирани танчери, и огромен госпел хор, што на моменти изгледаше како на филм, но имаше мали технички проблеми со микрофонот.

И неговите песни во кои се спомнуваат наркотици, секс и се пцуе беа однапред цензурирани, па американските медиуми пишуваат дека настапот на Викнд бил хаотична мешавина од песни за кокаин каде што всушност не се споменува кокаин.

„Ова беше очекуван перформанс кој не ги исполни очекувањата и не беше успешен како настапите од минатите години. Наследникот на Принц и Мајкл Џексон ги покажа неговите гласовни способности, но тоа не беше доволно за спектакуларно шоу“, пишуваат медиумите.

Scroll to Top