(Видео) Вил Смит ќе глуми во „Брзи и лабави“ на Дејвид Лич

Вил Смит ќе ја има главната улога во нов трилер „Fast and Loose“ (Брзи и лабави) во режија на Дејвид Лич.

Проектот е на  STX-films со Дејвид како продуцент, а доби побрзо темпо откако Вил се согласи да го претвори во негов следен филм.

Приказната е за еден човек кој се буди откако бил оставен како мртов, без сеќавање. Тој следи низа траги за да го открие својот идентитет и открива дека живеел два различни животи.

Во едниот, тој е успешен крал на злосторството, опкружен со убави жени, скапи играчки и раскошен начин на живот. Во другиот, тој е таен агент на ЦИА, но со оскудна плата, без семеен живот и со нула успеси.

Сепак, тој не може да се сети кое од овие две лица е неговиот вистински идентитет и кој живот всушност сака да го живее.

 

Scroll to Top