Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса што се одржа во Сандрингем, а меѓу присутните беа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните деца.
По мисата, на социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како Кејт разговара со толпата која дошла да ги поздрави членовите на кралското семејство. Меѓутоа, за тоа време, принцот Вилијам и неговите деца ја чекале Кејт, која се поздравувала и добивала подароци.
Кога сфатила дека ја чекаат принцот и децата, се пошегувала и рекла: „Се чувствувам како да го изгубив семејството“.
View this post on Instagram
На видеото се гледа како принцот Вилијам го крева телефонот, а многумина коментираат дека е можно тој да и се јавил на Кејт за да и каже да побрза. Некои забележале дека еден од обезбедувањето, кој стоел зад Кејт, исто така зборува на својот мобилен, па се посомневале дека Вилијам му се јавил со упатства да побрзаат.
Кејт и принцот Вилијам не им се придружија на кралот и кралицата на традиционалниот предбожиќен ручек во Бакингемската палата. Исто така, принцот Ендру, кој беше поканет, не присуствуваше на овој ручек.