Челниците на Google добиле идеја да го ангажираат актерот Меколи Калкин за да снимат реклама во која ќе ја оживеат улогата на малото дете Кевин и сцената од популарниот божиќен филмски хит „Сам дома“.
Продуцентите на рекламата се погрижиле сите детали од сценографијата, бидат идентични како на филмот. Рекламата само за неколку часа доживеала огромна популарност, а социјалните мрежи биле преплавени со воодушевувачки коментари.
Некои коментирале дека рекламата им ја разбудила носталгијата, додека други тврдат дека ги расплакала. Во рекламата на Кевин му се случуваат идентични ситуации од филмот, a во борбата против провалниците му помага асистентот на Google.