(Видео) Водителот Џејмс Горден леташе во борбен авион со Том Круз

Познатиот водител на The Late Night Show, Џејмс Горден, леташе со Том Круз во борбен авион. Глумецот го однесе во школото за летање на „Топ Ган“ и му покажа како се лета.

„Но, ти не си пилот, ти си глумец“, му рече Горден на Круз, кога овој му се пофали како знае да управува со авионите. Глумецот му покажа неколку трикови и го вртеше авионот наопаку.

„Тоа не е она на кое се договоривме претходно“, викаше Корден, кој му рече на Круз дека иако го почитува како актер и дека одлично се покажал во филмот A Few Good Men, не сакал да го застапува на суд.

По незаборавното летање, потресениот Горден му рече на Круз дека во исто време го сака, но и го мрази. За потсетување, филмот „Топ Ган:Маверик ќе излезе во кината на 27 мај, а досега доби голем број пофалби од филмските критичари.

Scroll to Top