(Видео) Златан Ибрахимовиќ ќе глуми воен херој во продолжението на „Астерикс и Обеликс“

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ќе го има своето актерско деби во продолжението на филмскиот серијал „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“. Тој ќе го толкува ликот по име Антивирус.

Оваа авантуристичка комедија ја режираше Гијом Кане, кој го игра Астерикс, а Жил Лелуш е Обеликс. Во филмот се појавуваат и Винсент Касел како Цезар, Марион Котијар како Клеопатра и Џонатан Коен како Финалтезис.

 

Ова е првиот филм за познати херои кој не е заснован на ниту еден од стриповите на Астерикс, но и прв во кој Жерар Депардје не го глуми Обеликс.

Снимањето првично беше планирано да се одржи во 2020 година во Кина, но беше одложено една година поради короната, па на крајот филмот се сними во Франција. Премиерата е закажана за 1 февруари 2023 година.

Scroll to Top