Бракот на Меган Маркл и принцот Хари повторно стана главна тема на медиумите. Имено, извор близок до парот ги коментираше гласините дека Меган размислува да напише книга за нејзиниот брак по разводот.
„Меган и Хари знаат дека се поврзани, нивната вредност е во тоа дека се пар – дури и да сакаат да се разведат, не би можеле да го направат тоа. И искрено, тие се опседнати еден со друг. Тие се само двајца нарциси“, изјави извор за „Пејџ Сикс“.
Овие тврдења доаѓаат како одговор на написот на Vanity Fair во кој се наведува дека тимот на Меган разговарал со издавачка куќа за потенцијална книга. За се проговори и извор запознаен со договорот што Хари и Меган го склучија со издавачката куќа Penguin Random House во 2021 година.
„Тие вредат повеќе заедно. Не би им користело да се разделат – тие ги направија сите зделки заедно. Мислам дека договорот со Рандом Хаус е сличен на договорот со Нетфликс. И Нетфликс кажа „да“ на сè затоа што сакаа да го добијат документарецот за Хари и Меган. Тие рекоа: „Во ред, ќе го земеме Polo show и ќе видиме што ќе се случи со емисијата за животниот стил на Меган“, коментира изворот.
Веќе подолго време кружат гласини за проблеми во бракот на принцот Хари и Меган. Се започна откако неколку пати се појавуваа одделно на јавни настани.