Канадскиот пејач Викенд донира еден милион долари на Светската програма за храна при Обединетите нации за да помогне во борбата против гладот во Етиопија.
Добитникот на „Греми“ рече дека е скршен кога гледа што ѝ се случува на африканската нација среде извештаи за етничко чистење и раселување над 2 милиона луѓе во областа Тиграј во земјата, пренесува „Њујорк тајмс“.
„Ќе донирам 1 милион американски долари за да обезбедам 2 милиона оброци преку Светската програма за храна на Обединетите нации и ги охрабрувам сите што може да донираат“, напиша Викенд, чие родено име е Абел Меконен Тесфаје.