Викнд ќе има свое шоу на следниот „Супер боул“

Популарниот пејач Викнд, кого го нарекуваат и Мајкл Џексион на 21 век, ќе има 15-минутно шоу на полувремето на „Супер боул“ догодина. Оваа вчера го соопштија организаторите, а музичарот не ја крие возбудата што го избрале токму него да ја забавува публиката на еден од најпрестижните спортски настани во Америка.

„Сите во текот на годините и нашето растење ги гледавме некои од најголемите имиња од музичкиот свет на сцената на „Супербоул“ и сонувавме дека и ние еден ден ќе се најдеме на тоа место. Почестен сум на укажаната доверба и едвај чекам да настапам на полувремето“, вели 30-годишниот музичар, кој во моментов е актуелен со хитот Blinding Lights.

Лани настапија Џенифер Лопез и Шакира, а шоуто беше прогласено за едно најдобрите пет во историјата на „Супер боул“. Годината пред нив шоу имаше групата „Maрун 5“, а настапи имаа и Бијонсе, Лејди Гага, Кети Пери, Мадона и други ѕвезди.

Scroll to Top