Викторија Бекам откри дека во детството преживеала голема траума поради која сега таа ја штити ќерка си Харпер како лавица. Викторија вели дека како мала била повлечена девојка и дека трпела многу насилство. Таа не сака ќерка ѝ да го доживее истото тоа што таа го претрпела.
„Додека бев ученичка бев многу повлечена и немав многу пријатели. Но, сега, всушност, сфаќам дека сум трпела многу насилство. Не сакам некој да се чувствува исто како што се чувствував јас во тој ранлив период. Затоа, кога ја испратив Харпер на училиште, имав важен разговор со неа“, вели Викторија.
Сопругата на Дејвид Бекам објаснила дека често ја советува ќерка си како да се постави пред другите и веднаш да реагира ако забележеи нешто што не треба да им се случува на другите девојчиња во нејзиното опкружување.
„Ако видиш некое девојче на игралиштето како стои само, прашај го дали сака да си игра со тебе затоа што твојата мајка некогаш одамна беше тоа девојче“, ѝ кажала Бекам на ќерка си како да се постави пред другите.
На тој начин Викторија вели дека сака да ја освести Харпер и дека не сака некој да се чувствува осамено кога таа е во близина.