Актерот Вил Фарел сака в година да ја води мајка си на Евровизија, па јавно побара од жителите на Ливерпул да му помогнат да најде сместување. Тој решил јавно да бара соба за себе и мајка си, откако сфатил дека сите хотели во градот домаќин на Евросонг се веќе букирани.
„Доволна ни е една соба со два кревета, само да е чиста“, вели глумецот.
Фарел во 2020 година глумеше во филмот „Евровизиска огнена сага“, но тврди дека мајка му Зои Бол, и претходно била фан на музичкото шоу.
„Одамна ми вика дека сака да оди, а Ливерпул ѝ е меѓу омилените градови и сега мора да ја одведам“, рекол Фарел во интервју за „Би-би-си радио 2“.
Европската радиодифузна унија пред еден месец потврди дека Ливерпул ќе биде град-домаќин на Евросонг, откако на изборот победи „Калуш оркестар“ од Украина, но поради војната во земјата не можат да ја организираат манифестацијата. Брзо потоа хотелските соби беа резервирани, а цените на приватните куќи и станови се движат и до 8000 фунти од ноќ.
Евровозија ќе се одржи на 9, 11 и 13 мај 2023 година во М&S Bank Arena.