Крунисувањето на кралот Чарлс Трети беше историски настан за кој сеуште се зборува, а една од главните теми се браќата Хари и Вилијам кои се препукуваат.
И додека постариот Вилијам и неговото семејство го гледаа најважниот ден на нивниот татко од првиот ред, на отуѓениот син Хари му беше дадено место во третиот ред и седеше со своите братучетки, принцезите Беатрис и Евгениј, ќерките на принцот Андреј и нивните сопрузи.
Ова беше прва средба на браќата по експлозивните мемоари на Хари во кои тој упати низа обвинувања против своето семејство, па не е изненадување што сите очи беа вперени во нив. Некогаш блиските браќа не се ни погледнаа, дури ни кога Вилијам и Кејт влегоа со своите деца во Вестминстерската опатија, а по објавувањето на книгата првпат го сретнаа Хари во иста просторија.
Додека одеа до своите седишта, лицето на Хари го бараше погледот на Вилијам, но безуспешно.
За време на церемонијата камерите го фатија и како неколку пати гледа кон својот брат, идниот крал, но без особен успех.
Хари не се ни појави на балконот со остатокот од семејството по церемонијата, а веднаш по церемонијата, со широка насмевка на лицето, влезе во автомобил, а потоа во авион за да се врати во Америка кај своето семејство.
Таму беше пречекан од неговата сопруга Меган Маркл, ќерката Лилибет Дијана и синот Арчи, кој тој ден го прослави својот 4-ти роденден. Денес многумина се прашуваат дали Вилијам некогаш ќе му прости за сето она што беше кажано и напишано, пишуваат светските медиуми.