Принцот Вилијам и неговиот помлад брат Хари жестокот се пресметале околу глумицата Меган Маркл, пишуваат британските медиуми.
Во новата книга за кралското семејство на историчарот Роберт Ласеј „Битката на браќата“, е опишан конфликтот кој настанал меѓу Вилијам и Хари, поради уредувањето на Меган на модниот магазин „Вог“. Таа минатата година беше една од уредниците на септемвриско издание.
Во тоа издание беше објавен список од 100 највлијателни и најмоќни жени кои создаваат позитивни промени во светот. Во тоа време покрај кралското семејство и британските медиуми беа склони кон критики кон секој потег на Меган.
На Вилијам не му се допаднало како Меган го изработила уредувањето на „Вог“. Тој од старт бил проти идејата Меган да го уредува модното списание и да одбира кои жени ќе завршат на списокот на највлијателни. Истото мислење го делеле и некои од постарите членови во семејството.
Иако не се познати деталите околу пресметката, познато е само дека Вилијам побарал да разговара со Хари, кој во тие моменти буквално експлодирал. Ни Вилијам не можел да остане мирен и разговорот се претворил во кавга и викотници.
По тоа, постоечкиот раздор меѓу браќата станал уште подлабок. Нарушениот однос меѓу синовите на принцезата Дајана, можел да се види по тоа што Хари и Меган на крајот на август одбиле да заминале на заедничко летување со кралското семејство во Сардингам.
Медиумите шпекулираа дека Хари и Меган ги одбиле и поканите од кралицата за да го поминат и Божиќ заеднички со семејството. Таа е убедена дека барем Хари ќе ѝ дојде во посета и наводно им наредила на слугите да ја подготват неговата поранешна резиденција Фрогмор.